Privacy Policy

МАКЕДОНСКО-РУСКО ПРИЈАТЕЛСТВО

Сојуз на здруженија

Потпишано „Писмо на намери“

По завршување на трибината за македонск-руски деловни односи на собирот во Битола беше потпишано и „Писмо на намери“ помеѓу  Регионалното здружение за македонско-руско пријателство „А.А. Ростковски“ и Регионалната комора со седиште во Битола, кое го потпишаа Пеце Гаштарев и Мирко Велевски.

Мирко Велковски, претседател на Регионалната комора со седиште во Битола,  го истакна изразитиот интерес на ова регионално стопанство за извоз во Руската Федерација. Во првите месеци од годинава компаниите кои делуваат на  подрачјето на Регионалната комора со седиште во Битола неколкукратно го имаат зголемено извозот на овој голем пазар.-Заедно со Македонско-руската стопанска комора на почетокот на јуни ќе организираме средба со компаниите од овој регион заради договор за уште поагресивен и пообемен  настап на рускиот пазар.Нашата желба е обемот на трговската размена   меѓу двете земји постепено да се зголемува и да ја достигне  некогашната вредност од 1 милијарда САД долари,  најави Мирко Велковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *