Privacy Policy

МАКЕДОНСКО-РУСКО ПРИЈАТЕЛСТВО

Сојуз на здруженија

Предавање за Свети Јован Шангајски

Во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет ,, Г.Р.Державин,, во организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола, Ана Комарова, кандидат доктор на науки, одржа предавање за Свети Јован Шангајски и Сан Франциски (1896-1966), чудотворец и голем подвижник од XX век и за неговата врска со Македонија и македонскиот народ. На настанот одржа предавање и м-р Александар Гулевски со тема Ретроспектива на истражувањето на животот и делото на св.Јован Максимович (Битолски период 1972-1934). Пред споменикот Руски Крст во Битола беше положено цвеќе од страна на Ана Комарова, кандидат доктор на науки, претставник од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола и Претседателот на сојузот на здруженија за македонско руско пријателсто г-дин Драган Романски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *